Од утре задолжително поседување на зимска опрема

/

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од утре 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година).

Од МВР апелираат до граѓаните да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.





Претходна статија

Жената осомничена за нападот во Истанбул ја признала својата поврзаност со терористичка група

Следна статија

Ковачевски: Северна Македонија и Албанија заедно ги почнаа преговорите со ЕУ и имаат можност и заедно и да ги завршат

Најново од Вести