(Видео) Одбележуваме 144 години од раѓањето на подполковник Александар Морфов- автор на Маршот на македонските востаници „Изгреј зора на свободата“
На денешен ден 13 јануари 1880 г. во Стара Загора е роден Александар Морфов, бугарски композитор и поет. Учел гимназија во католичкото школо во Одрин каде научил да свири на флејта, а во 1902 година завршува воено образование во Софија. Учествувал во Балканските војни и во Првата светска војна. Во 1922 г. оди во резерва со офицерско звање подполковник.
Тој е автор на Маршот на македонските востаници „Изгреј зора на свободата“, изработена во 1923 г. по барање на водачот на ВМРО Тодор Александров. „Изгреј зора на свободата“ е химна на ВМРО, што била интонирана и на првото заседание на АСНОМ. Маршот е забранет во НР Македонија во 1948 г.
Александар Морфов умира на 19 април 1934 г. во Софија.