|

Богоевски: Оставка на Заев во парламентот би била неодговорна без консултации со коалициските партнери

„Неодговорно би било во овие околности да се поднесе формална оставка во парламентот, без да се дискутира со коалициските партнери за наследниот на Заев. Оставката е кажана и сите сигнали се дека нема враќање назад. На опозицијата не и одговара колку брзо ќе биде направена и како. Сметам дека не треба да се избрзува со транзицијата без да се осигураат дека легитимиетот на наследникот е стабилен“, изјави поранешниот пратеник и граѓански активист Павле Богоевски во емисијата на Канал 5 „Само вистина“.

Според Богоевски никој во таборот на власта не сака да ја втурне државата во политичка криза после локалните избори.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави