| |

ПЕТАР КОЛЕВ: ЗА ДА МОЖАТ ГРАЃАНИТЕ ДА УЖИВААТ ВО СВОЈАТА СЛОБОДА ТРЕБА ДА ЈА НАМАЛИМЕ ВЛАСТА НА ДРЖАВАТА, ВЛАДАТА И ПАРЛАМЕНТОТ

„Ние не веруваме во приказната да се земе од богатите и да се даде на бедните. Таа левичарска идеологија сѐ уште царува во Македонија која чекори кон патот на Европа, затоа и сме конзервативци. Ние веруваме во тоа дека треба да  бидат создадени услови во општеството, секој еден индивидуалец, секој еден човек благодарение на својата способност да може да твори, да создава и да успева во општеството“, изјави Петар Колев за време на промоцијата на идеолошкиот и аналитички центар, Conservative.mk.
Тој подвлече дека за да може човекот да ја конзумира својата слобода, ние мораме да ја ограничиме власта на државата, на владата, на парламентот. Според Колев, нема како да имаме слободно општество со силна државна машинерија. Како едни од основните проблеми, претседателот на ГДУ, Петар Колев, ги истакна преголемата администрација и неодговорното трошење на јавните пари. Тука Колев го стави акцентот врз патните трошоци на пратениците, поставувајќи го прашањето зошто ние треба да плаќаме за пратениците да си ја вршат својата работа. Тој исто така даде пример со тоа дека сите професионалци во Македонија сами се грижат за своите трошоци и подвлече дека ако за одреден пратеник се премногу обврски тој може да одбере друга опција и да се занимава со друга професија.

Слични Објави