ПЕТАР КОЛЕВ: ВРЕМЕ Е МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА СО ОТВОРЕНИ ЛИСТИ
„Крајно време е да се изврши промена на изборниот модел во Македонија, крајно време е Македонија да се демократизира т.е нашата земја да биде една изборна единица и листите да бидат отворени. Ние како конзервативци веруваме во слободниот избор. Во денешниот изборен модел, ниту еден од граѓаните нема право да избира кој сака да го претставува на листите. Јас исто така сметам дека на Македонија не и се потребни 120 пратеници, бидејќи тие собираат само ливчиња за патарини и земаат големи плати од собрание. Половина и повеќе спијат и не вршат никаква работа“, изјави Петар Колев за време на промоцијата на идеолошкиот и аналитички центар Conservative.mk.
Претседателот на ГДУ, повторно ја наметна темата за патните трошоци на пратениците кои според него треба да бидат укинати. Петар Колев истакна дека во образованието во Р. Македонија е потребна реформа и додаде дека државата наместо да купи нови автомобили за парламентот можела да ги вложи тие пари за нова учебна стратегија, нови учебници за учениците или пак да испрати млади професори на дообука во странство.