Ноев: Бугарија стои колебливо во однос на тензиите во Украина
„За моментов Бугарија стои колебливо во општиот тек на настаните“, вели поранешниот министер за одбрана на Бугарија Бојко Ноев во однос на бугарската позиција за кризата во Украина.
Според Ноев секогаш кога има проблем меѓу агресивната политика на Кремљ и Западот, Бугарија гледа да не биде во првата линија на спорот и затоа според поранешниот министер и експерт за навионална безбедност Софија е сметана за еден од најблиските поранешни сојузници на Москва.
Ноев е дециден дека во Бугарија нема политичка волја и одлучност по темата за Русија.
„Кај нас русофилството не само што е фактор, туку постојат и русофилски партии, кои директно или индиректно ги спроведуваат интересите на Москва“, вели Ноев.

