Нема замрзнување на цените, ќе има ограничување маржата за основните производи
Оваа и наредната недела ќе имаме средби со сите засегнати страни, посебно со производителите и трговците со прехранбени производи за да најдеме начин да нема поскапување на цените, вели министерот за економија Крешник Бектеши.
Наместо замрзнување на цените кај основните животни производи, од наредниот месец најверојатно ќе се ограничи маржата на трговците, најави денес министерорт за економија Крешник Бектеши.
Како што објасни, рокот на постојната одлука за замрзнување на цените е до крајот на месецот. Во однос на продолжување на мерката веќе се при крај сите анализи во секторот за трговија при Министерството за економија, а во соработка со другите економски ресори во Владата.