| |

Стипендии за студентите по медицина од РС Македонија што учат во Бугарија

„Претстои основање на стипендии за студенти по медицина од РС Македонија кои учат во Бугарија“, изјави Николај Болтаџиев од Центарот за заштита на правата во здравството, во националниот прес-клуб на бугарската телеграфна агенција.

Болтаџиев изјави дека следната недела се очекува да биде избран првиот стипендист а стипендијата ќе биде со висина од 250 евра месечно.

Стипендиите се осигуруваат од Фондација регистрирана во САД, а Центарот за заштита на правата во здравството е овластен да ги распределува средствата, кои според Болтаџиев ќе бидат во висина од 100 000 долари секоја година.



Слични Објави