| |

Цочо Билјарски: Браќата Миладинови отвориле бугарска православна капела во затворот каде што ја издржувале својата казна

За време на престојот во турскиот затвор, браќата Димитар и Константин Миладинови отвориле бугарска православна капела. Ова специјално за БГНЕС го изјави историчарот Цочо Билјарски, кој е поранешен директор на Централниот државен архив на Бугарија во периодот 1993-1997 г.

Цочо Билјарски учествува во подготовката и издавањето на двотомен зборник, кој вклучува „Собрани дела“ на двајцата браќа и „Бугарски народни песни“, по повод 160 години од нивната маченичка смрт. Двотомната книга е објавена благодарение на целосната финансиска поддршка на познат бугарски претприемач.

„Идејата за објавување на нивните дела произлезе по разговор со Димитар Томов, поранешен директор на Универзитетската издавачка куќа и актуелен директор на издаваштвото „Бугарски бестселер“. Во првиот том беше вклучен зборникот „Бугарски народни песни“. Предговорот го напиша проф. Кирил Топалов, кој направи нов прочит на настаните. Морав да соберам се’ на едно место – песните на Константин Миладинов, нивните написи во периодичните списанија и нивната кореспонденција. Такво нешто досега не е направено или е направено само делумно“, вели Биљарски.

За жал, не е познато каде се наоѓа архивата на браќата Миладинови. Кога Димитар Миладинов бил уапсен од Турците бидејќи Грците го обвиниле дека е руски шпион, сите пронајдени документи му биле одземени. До денес тие не се пронајдени во турските архиви, иако досега се направени некои мали обиди за пронаоѓање на архивата. Првите обиди за тоа се направени во 20-тите години на минатиот век, кога Симеон Радев бил ополномоштен министер. Потоа, во 30-тите години, дозвола добил и Панчо Дорев, кој бил близок со Исмет Ињонју, но никогаш ништо не нашол.

Пронајдени се многу интересни документи, но ги немаме документите за судскиот процес против двајцата браќа“, вели Биљарски.

„Сè што е објавено досега, го собрав во овој том “, вели Цочо Билјарски.

Како особено вредна ја забележува поезијата на Константин Миладинов, која непомалку важна од бугарските народни песни.

„Тој има околу десет или дваесет песни кои се величествени и мора да се прочитаат. За да се види како ја брани бугарштината во својот род и кај народот во Македонија.

Друг многу интересен дел е преписката на двајцата браќа со најголемите бугарски преродбеници, меѓу кои е и Георги Раковски.

Цочо Билјарски дошол до еден многу интересен податок додека работел пред години на архивското наследство на Захари Стојанов.

„Имаше писмо од Никола Обретенов до него. Тој е во истиот затвор каде што биле фрлени браќата Миладинови. Никола Обретенов бил сведок што правеле тие во затворот. Димитар и Константин Миладинови отвораат бугарска православна капела таму“, откри историчарот.

Според него, последниот збор за браќата Миладинови се уште не е кажан.

„Но, она што може да се каже е дека тоа се бугарски просветители, педагози, уметници кои ги дале своите животи за бугарштината“, вели Цочо Биљарски за БГНЕС.

Слични Објави