| |

Петков се сретна со Зеленски во Украина: Бугарија ќе поправа украинска воена техника и ќе купува евтина украинска струја

Со радост Ви посакувам добредојде во Киев. Со овие зборови украинскиот претседател Володимир Зеленски ја пречека бугарската делегација предводена од премиерот Кирил Петков, која денеска ја посети Украина, јавува БГНЕС.

Веќе 64 дена гледаме колку вредат изјавите на претставниците на руските власти – 64 дена по ред Русија ги напаѓа нашите цивили, војската, уништува сè, убива, уништува згради и инфраструктура. Ние даваме отпор 64 дена по ред, а Русија не успеа да постигне ништо и сигурен сум дека нема да постигне ништо. Целиот свет е солидарен со Украина, вклучително и Бугарија, јас сум многу благодарен на вас и на вашата земја. Денеска разговаравме за сите клучни прашања. На Украина и е потребна поддршка од своите сигурни пријатели, додаде Зеленски.

Денеска разговаравме за воспоставување соработка за поправка на украинска опрема во фабрика со бугарски капацитети. Квалитетот и роковите се важни за нас. Исто така, интеракција во енергетската сфера. Украина е подготвена да ја снабдува Бугарија со електрична енергија, за да помогне во диверзификацијата на гасот. Се договоривме да транспортираме земјоделски производи преку пристаништето во Варна. Украина ќе соработува за бугарските бродови заглавени во пристаништата на Црното Море, додаде Зеленски. За членството на Украина во ЕУ, му благодарам на Петков за неговата цврста поддршка. Ви благодариме за личната иницијатива на Петков за собирање средства во Бугарија за Украина, додаде Зеленски.

Премиерот Кирил Петков од своја страна му се заблагодари на Зеленски за лидерството што го покажа. Сите демократии стојат зад вас, нема сомнеж дека тоа е единствениот излез што ќе се случи, рече премиерот Кирил Петков.

Ќе го олесниме извозот на украинската струја.

Ова ќе ни даде добра можност за дополнителна струја. Бугарија ќе биде повеќе од среќна што ќе ја има Варна како логистичка база и ќе го дистрибуира житото што не можете да го извезете преку вашите пристаништа. Бугарија може да биде инструмент за поддршка на Украина во енергетската безбедност со користење на Трансбалканскиот гасовод и може да обезбеди гас преку терминалите во Грција и Турција, а тоа ќе доведе до помали трошоци за двете земји. Вашата покана Бугарија да учествува во обновата на Украина, ќе бидеме повеќе од среќни да го сториме тоа. Ви благодариме за вашиот предлог да му помогнете на нашиот брод да се врати дома. Вашето барање за воено-техничка помош во врска со реконструкцијата и поправката на тешката механизација во бугарските фабрики ќе биде добра можност за Украина и добра можност за Бугарија да ја направи оваа поправка за Украина. Многу е важно за Бугарија, Украина да види јасен пат кон ЕУ, време е да кажеме ова е местото на кое му припаѓа Украина – европското семејство, рече Петков.

Премиерот го резимираше разговорот со Зеленски, велејќи дека Украина е подготвена да извезува евтина струја во Бугарија. Следната недела ќе испратат експерти во Бугарија за да ја видат можноста за испорака на евтина струја за Бугарија. Така Украина ќе има уште еден клиент.

Варна да стане логистичка рута за нивната пченица е второто нешто за што е разговарано.

„Во моментов во Одеса имаат над 10 милиони тони жито и сончоглед. Трето, користењето на Трансбалканскиот тек. Ако терминалите за течен гас ги користиме не само за 1 или 2 милијарди кубни метри, туку за 20 милијарди кубни метри, цената по која ќе можат да купуваат и Украина и Бугарија ќе биде многу поевтина“, додаде Петков.

„Бев поканет од Зеленски и Бугарија како земја ќе биде една од ретките земји што ќе бидат поканети во програмата за обнова на Украина, што значи дека меѓународните средства ќе се распределат во Украина по војната за обнова на градовите. Нашите градежни компании би можеле да бидат дел од обновата на Украина“, додаде Петков.

„Парламентот мора да одобри давањето на воено-техничка помош, а по оваа одлука ќе му дадам задача на министерот за одбрана да ја организира целата логистичка помош. „Затоа што обновувањето на нивната воена опрема им е многу поважно од помошта што во моментов можат да ја пружат другите земји“, додаде Петков.



Слични Објави