| |

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА СКОПЈЕ ТРЕБАШЕ ДА ДИШЕ ЗА 50 ПРОЦЕНТИ ПОЧИСТ ВОЗДУХ

Мерните станици низ Скопје покажуваат зголемена загаденост на воздухот и до 2-3 пати над дозволеното.

Грејната сезона само што почна, зимата е уште далеку, а Скопје тоне во загаден воздух.

Пред точно две години Владата го објави Планот за чист воздух кој ветуваше дека до крајот на годинава скопјани требаше да дише за 50 проценти почист воздух, додека за другите градови во Македонија намалувањето требаше да изнесува од 30 до 50 отсто. И после две години се наметнува прашањето, каде заглави Планот за чист воздух?

За овој план беа обезбедени дополнителни 1,5 милиони евра. Планот за чист воздух во Република Македонија, како што посочи тогаш Макрадули има цел за намалување на аерозагадувањето. Но, скопјани освен ветување, не добија чист воздух и се уште чекаат за реализирање на планот.

Скопје не само што е на врвот на листата на најзагадени градови, туку во исто време води битка и со најголем број заразени со Ковид-19. Градот е буквално меѓу два огна во период кога наближува зимата.

Граѓаните се жалат на лоша миризба и енормна загаденост, а не е ништо подобра ситуацијата и во останатите градови. Тетово, Велес, Кавадарци и Кочани, исто така се високо на листата на AirVisual на градови каде воздухот е опасен за чувствителни категории на граѓани. Пулмолозите предупредуваат дека аерозагадувањето не само што само по себе претставува голема опасност, туку и дополнително го олеснува патот на вирусите до белите дробови.

Слични Објави