|

ДОДЕКА СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ СЕ КАРААТ ВО СОБРАНИЕ НИЕ СЕ ТРУЕМЕ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ  ја обвинува власта за енормното аерозагадување. Според нив,  иако СДСМ ветувала гасификација, воведување трамвај и купување електрични автобуси, сепак ниту една конкретна политика во оваа област не е спроведена во практика.

Заменик- министерот за животна средина Јани Макрадули вели дека Владата за првпат има стратешки приоритет во борбата против аерозагадувањето, план за борба против нарушување на амбиенталниот воздух, лоцирани се соодветни буџетски средства и донесени конкретни мерки за отстранување на изворите на аерозагадување.

Макрадули истакна дека бројките покажуваат намалување на загадување и најмал број загадени денови, на што реагираат пратениците од опозицијата со забелешка дека не може да им верува или не на бројките од инструментите кои го мерат загадувањето во зависност од тоа дали им одговара или не.



Слични Објави