ЈАБОЛКО И МЕД
Направете си маска и искористете ги бенефициите од јаболкото и медот на вашето лице.
1 изрендано јаболко
2 супени лажици мед
Во изренданото јаболко додајте го медот и мешајте додека не се соединат. Ставете ја смесата на лице и оставете ја да делува 20 минути. Потоа измијте го лицето со топла вода. Оваа маска не се суши, па не чекајте да се случи тоа за да ја измиете.