|

СЕДУМ МИЛИОНИ ЛУЃЕ ВО ЕТИОПИЈА ИМААТ ПОТРЕБА ОД ХРАНА

На речиси седум милиони луѓе во Етиопија им е неопходна помош во храна поради сушата што ја зафати земјата.

Националната комисија за управување со ризици од катастрофи во Етиопија објави дека се потребни една милијарда американски долари за да им се помогне на близу седум милиони луѓе.

Во земја со близу 100 милиони жители, сушите се најголем проблем за населението, кое претежно се занимава со сточарство и земјоделство.



Слични Објави