ПОЛНЕТИ КОМПИРИ СО СЛАНИНА И СИРЕЊЕ
Состојки:
- 4 компири
- 200 гр. сирење
- 200 гр. сланина
- 200 мл. јогурт
- 2 чешниња лук
- сол
Подготовка:
Компирите измијте ги убаво, не ги лупете, исечете ги на половина и издлабете ги со остар нож. Потоа ставете ги да се варат во солена вода до полуготовност.
Наредете ги во тава и во длабнатините ставете им парчиња сирење и сланина. Ставете ги во загреана рерна се додека компирот не биде готов.
Сервирајте ги топли и на нив ставете го јогуртот во кој претходно сте ставиле сол и ситно исецкан лук.
На здравје!