3 ТИПА НА МАЖИ КОИ СЕ ЦЕЛОСНО ГУБЕЊЕ НА ВРЕМЕ И ЕМОЦИИ

Љубовта е возбудлива и интересна! Постојат мажи што нè прават да се чувствуваме посебно, повторно да се откриеме на најдобар начин и секако мажи кои не го заслужуваат нашето внимание. Сепак, по некое непишано правило барем еднаш во животот се вљубуваме во тие вторите, имаме многу очекувања и на крај доживуваме страдања. Погледнете ги 3-те типа на мажи кои се целосно губење на време и емоции:

Оној на кој му недостига зрелост
Една од првите работи што треба да ги барате кај мажот со кога сакате да создадете сериозна врска е зрелоста. Незрелите мажи обично се привлечни, духовити, вие сте фасцинирани од нивните приказни, но … тие имаат тенденција секогаш да ги изберат полесните начини за сѐ во врската.
Ова значи дека ако се одлучите да го „испотите“ и да треба повеќе да се потруди за да ве импресионира, тој веднаш би се откажал.

Незрелите мажи обично не прават ништо за да ја развиваат врската и ја земат „здраво за готово“ нивната половина. За нив сè е забавно и нема одговорност.

Работохолик
Овој тип на маж секогаш ќе се стреми кон врвовите на хиерархијата во канцеларијата. И нема ништо лошо во тоа. Но, каква ќе биде вашата љубовна врска? Работохоликот работи до доцна, за време на викендите… Доколку не сте и вие ваков тип на човек, станувате жртва за тој да се развива а вие секогаш ќе бидете во втор план …

За работохоликот, работата е приоритет и тој не е секогаш склон да посвети доволно време и простор во својот живот на својата половина. Дури и ако сте трпеливи, дали вашата врска ќе може долгорочно да ги поддржува неговите амбиции?

Флертувач
Можеби и не постои жена што барем еднаш во животот немала врска на кратки или долги стази со флертувач. Ваквиот тип на маж е вешт на зборови и многу лесно успева да го привлече вниманието. Комплименти, учтивост и многу површни работи кои изгледаат совршени. Кога сте со него, вашите разговори ретко се тешки, се избегнуваат непријатни теми, а комплиментите заземаат прво место.

Со флертувачот има големи ризици. Тој сака да флертува и не дава никаква гаранција за тоа до каде ќе оди неговата игра. Овој маж ги „разгледува“ другите жени додека разговара со вас, дури и без размислување дека може да ве повреди.