|

Ковачевски упорен да обезбеди струја и енергенси за зимата, велат од СДСМ

Во пресрет на една од најтешките зими во повоеаната историја на Европа, премиерот Димитар Ковачевски е упорен и ги користи сите потенцијали за да обезбеди доволно енергија за време на кризниот период.Вчерашната посета на Коваечвски на Република Грција резултираше со договори за непречено обезбедување на енергенси за непречено производство и употреба на електрична енергија, велат од СДСМ.

-Постигнат е договор снабдувањето со лигнит и јаглен којшто доаѓа од рудниците во Грција да се одвива непречено во текот на целиот период, четвртиот квартал оваа година и првиот квартал идната година, со што непречено ќе функционираат производствените капацитети на јаглен во РЕК „Битола“ и во РЕК „Осломеј“.Договор е постигнат и за непречено снабдување со мазут преку Грција со цел непречено да може да функционира ТЕЦ „Неготино“.Дури и во време кога се јавува недостаток на енергенси и електрична енергија во цела Европа доколку има какво било ограничување од извозот од Грција такво ограничување нема да биде воведено за Република Северна Македонија.Истовремено, веќе е отпочната процедура за маркет тест на интерконекторот на гас Евзони до Северна Македонија, односно до Неготино, којашто треба да ја покаже економската исплатливост на оваа инвестиција и ако се се одвива по планот, изградбата би требало да почне до крајот на годината, појаснуваат од партијата.

Оттаму велат дека меѓу капиталните инвестиции се и големата гасна централа со капацитет до 200 МВ која што тие Грција изрази желба да ја гради во Северна Македонија, како и понудата на грчката компанија ПСС за проектот Чебрен.

-Претходно, Владата предводена од СДСМ договори непречен увоз на електрична енергија од Република Бугарија од октомври оваа година па се до следната пролет, за што деталите ќе се договорат деновиве.Сето ова е показател за одговорниот и ефикасен пристап на премиерот Ковачевски и Владата предводена од СДСМ со цел навремено обезбедување непречено снабдување на електрична енергија од нашите соседни и пријтелски земји, посочуваат до владејачката партија.

Извор: 4news.mk

Слични Објави