ЈАНЧЕВ НАЈАВИ ТУЖБА ЗА КАРАКАМИШЕВА АКО ЈАВНО НЕ СЕ ИЗВИНИ

//

Течат 24-те часа, во кои Тања Каракамишева треба јавно да му се извини на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, по објавената фалсификат членска кништа од СДСМ, јавува КТВ.

Таа објави наводно дека Јанчев има членска книшка од партијата на власт и порача „Кога партиите се хоби и строго наменски бизнис“.

Градоначалникот отфрлајќи ги изнесените невистини побара извинување од Каракамишева, во спротивно најави тужба, бидејќи објавената членската книшка била со ист сериски број со таа на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.



„Јавноста нека види со какви ниски работи се служат некои луѓе. Ова во најмала рака е урнебесно, но за жал има луѓе кои веруваат на ваквите лаги. Книшката за која Каракамишева пишува дека е моја, всушност е истата книшка, со истиот сериски број за која се крена голема прашина уште во ноември 2016 година. Тогаш многу медиуми ја објавија истата книшка, тврдејќи таа и припаѓа на поранешната специјална обвинителка. Дури и се држеа пресови поради тоа. Случајно дојдов до ова сознание, пребарав на интернет, бидејќи и во минатото се случувало некој да биде обвинет дека поседува партиска книшка, без оглед на тоа за која партија се работи. Нема да ме изненади ако еден ден ја видам истата книшка, со ист сериски број и со името на Никола Груевски на неа, како што тргнале нештата, се е можно – вели Јанчев .

Претходна статија

ПОСЛЕДНА ШАНСА ЗА БОКИ 13 И КАТИЦА ЈАНЕВА ДА НАПРАВАТ УВИД НА ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ НИВ

Следна статија

САД: ТУРЦИЈА НАСКОРО ЌЕ ИЗВРШИ ИНВАЗИЈА НА СЕВЕРНА СИРИЈА

Најново од Вести