Вчера во Кинотека на Македонија се одржа петтото издание на ЕТНОФФ – студентски етнолошки филмски фестивал.
На програмата беа прикажани 18 кратки студентски филмови од В. Британија, Италија, Етиопија, Мексико и Грција, кои низ визуелни алатки истражуваат релевантни и актуелни теми кои се однесуваат на социјалниот живот, ритуалите, родовите прашања, и малите нешта во секојдневниот живот, кои низ објективот на камерата стануваат големи и значајни.
Фестивалот е финансиски поткрепен од страна на Агенцијата за филм, со поддршка од Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, УКИМ.
Повеќе за овој прекрасен фестивал можете да научите на неговата официјална facebook страна (овде)