САД: ТУРЦИЈА НАСКОРО ЌЕ ИЗВРШИ ИНВАЗИЈА НА СЕВЕРНА СИРИЈА

/

Белата куќа соопшти дека Турција наскоро ќе изврши инвазија на северна Сирија, предизвикувајќи стравувања дека целта ќе бидат курдските борци што се сојузници на САД во долгогодишната битка против терористичката Исламска држава.

Со месеци, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се заканува дека ќе изврши воен напад врз курдските сили во северна Сирија, за кои турската влада смета дека голем дел од нив се терористи. Турција е незадоволна што не е постигнат договор со САД за создавање безбедносна зона по должината на границата на двете земји.

Курдските сили го сносат товарот на борбата предводена од САД против милитантите на Исламска држава, па американските републиканци и демократите предупредуваат дека овозможувањето таков напад ќе испрати „загрижувачка порака до американските сојузници ширум светот“, пренесува АП.

Американските трупи „нема да поддржат или да бидат вклучени во операцијата“ и „повеќе нема да бидат во непосредна област“ во северна Сирија, изјави портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам.
Според агенцијата, не е јасно дали тоа значи дека Соединетите држави ќе ги повлечат своите трупи од северна Сирија.

Најавата следуваше по телефонскиот разговор на претседателот Доналд Трамп и Ердоган, соопшти Вашингтон.
Белата куќа исто така соопшти дека Турција ќе ги преземе странските борци заробени во кампањата на САД против Исламската држава што ја водат курдските сили.



Се вели дека станува збор за 2.500 странски борци кои се претежно европски граѓани.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ЈАНЧЕВ НАЈАВИ ТУЖБА ЗА КАРАКАМИШЕВА АКО ЈАВНО НЕ СЕ ИЗВИНИ

Следна статија

БОКИ 13 УТРЕ ЌЕ ДАДЕ ИСКАЗ ЗА „РЕКЕТ“

Најново од Вести