ВО ПРЕСРЕТ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА: „ТОТАЛ ТВ“ БЕСПЛАТНО ГИ ОТВОРИ СИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ КАНАЛИ
Кабелскиот оператор „Тотал ТВ“ од денес бесплатно ги отвора сите дополнителни канали за своите корисници. Ова денеска преку соопштение го извести најголемиот сателитски оператор во Македонија.
-Вообичаено ова го правиме во убави моменти, меѓутоа ние сме тука за вас и во непријатните времиња. Свесни сме колкав стрес и промени во животните навики носи вонредната состојба поради епидемијата на вирусот Корона. И знаеме дека и покрај другите препорачани начини на превенција, повеќето луѓе ќе поминуваат поголем дел од времето дома со семејството најчесто пред телевизорот. Од таа причина како компанија која навистина се грижи за граѓаните и со желба барем малку да се олесни ваквата ситуација во која што сме сите заедно, решивме до 4-ти Мај да ги отвориме дополнителните канали и да ви ги понудиме најразличните содржини, стои во соопштението.
„Тотал ТВ“ и порачува на своите корисници да се опуштаат со програмите кои им ги носат до телевизорите.
-Опуштете се, смејте се со програмата која што ја сакате и останете безбедни, стои во известувањето од „Тотал ТВ“.