КОЛЕВ: РЕФОРМАТА ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА ЌЕ ЈА ЗАПОЧНЕМЕ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ И ОД МИНИСТРИТЕ
„Реформата во администрацијата ќе ја започнеме од врвот на пирамидата-од пратениците и министрите, а не од чистачките и портирите“, стои во објавата на официјалната facebook страна на претседателот на ГДУ, Петар Колев.
Првиот човек на Граѓанско Демократска Унија објави и видео инсерт од своето гостување во емисијата „Што мисли народот“ на штипската телевизија Стар.
Петар Колев е носител на листата на ГДУ во Изборната единица 3 и заедно со вториот во листата познатиот штипски адвокат Марјан Михов имаат солидни шанси да станат дел од идниот парламентарен состав.