ВМРО-ДПМНЕ ЈА ДОБИВА БИТКАТА ЗА ИСТОКОТ, ГДУ НА ПЕТАР КОЛЕВ ЌЕ ИЗНЕНАДИ

//

До Државната изборна комисија до синоќа на полноќ кандидатски листи доставиле 15 коалиции и партии, најмногу од нив имаат доставено кандидатски листи за сите шест изборни единици, додека неколку и за гласањето во дијаспората, јавува eho.mk.

Во третата изборна единица носители на изборните листи од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе бидат генералните секретари Игор Јанушев и Љупчо Николовски. Покрај овие две партии, повеќе политички субјекти ќе излезат со свои изборни листи во сите изборни единици, вклучително и во ИЕ 3.

Теренска анкета на Барометар спроведена во ИЕ 3 на 1200 испитаници од 1 до 10 март 2020 г. покажува дека ВМРО-ДПМНЕ е во водство односно има 48 % од испитаниците кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ 39 %. Она што е многу впечатливо и што претставува изненадување се резултатите за ГДУ кои освоиле 9,2 % од испитаниците што преведено во пратенички мандати значи 2 пратеници во македонското собрание.



Прв на листата на ГДУ во ИЕ 3 е претседателот на ГДУ Петар Колев, а веднаш по него се наоѓа познатиот штипски адвокат Марјан Михов.



Претходна статија

РЕГИОНАЛНИ ПОЛИТИКИ ЗА ХЕНДИКЕП

Следна статија

КОЛЕВ: РЕФОРМАТА ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА ЌЕ ЈА ЗАПОЧНЕМЕ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ И ОД МИНИСТРИТЕ

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи