РЕГИОНАЛНИ ПОЛИТИКИ ЗА ХЕНДИКЕП

/

Здружението Хендикеп Плус во партнерстрво со здружението Активен живот од Тетово го спроведува проектот ,,Регионални политики за хендикеп” во североисточниот и полошкиот регион. Целта на овој проект е унапредување на регионалните политики по прашањето на хендикеп во североисточниот и полошкиот регион, согласно Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп КПЛХ.

Проектот е финансиски поддржан од програмата Цивика мобилитас. Во изминатиов период во рамки на проектните активности се одржа обука за претставници на организациите на лица со хендикеп со цел зајакнување на нивните капацитети за нивно поголемо учество при креирањето на политики и носење одлуки по прашањето на хендикеп во североисточниот и полошкиот регион.

Учеството на организациите на лица со хендикеп во креирање политики на локално ниво ќе придонесе кон развивање на соодветни и реални мерки и активности по прашањето на хендикеп, како и контрола на донесување на одлуки по прашањата кои ги засегаат лицата со хендикеп. Исто така спроведовме истражување за тоа колку прашањето на хендикеп е вклучено во практиките и политиките во двата региона од што произлегоа и препораки за конкретни чекори ќе придонесат во поглед на нивно усогласување со КПЛХ.

Исто така беше спроведено и истражување на терен во однос на пристапноста на инфраструктурата. Согледувањата од терен покажуваат дека пристапноста останува најголемата бариера со која се соочуваат лицата со хендикеп на локално ниво и најголем предизвик на кој треба да се посвети локалната самоуправа во двата региона. Остварувањето на правото на независен живот на граѓаните со хендикеп подразбира пристапни и достапни услуги на локално ниво и развивање на соодветни сервиси за поддршка.



Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

Претходна статија

ГЕРМАНИЈА ЌЕ НАЦИОНАЛИЗИРА ПРЕТПРИЈАТИЈА ЗА ДА СПРЕЧИ БАНКРОТ

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ ЈА ДОБИВА БИТКАТА ЗА ИСТОКОТ, ГДУ НА ПЕТАР КОЛЕВ ЌЕ ИЗНЕНАДИ

Најново од Вести