ГЕРМАНИЈА ЌЕ НАЦИОНАЛИЗИРА ПРЕТПРИЈАТИЈА ЗА ДА СПРЕЧИ БАНКРОТ

//

Министерот за економија на Германија, Петер Алтмаер не исклучи времено национализирање на определени компании ако тоа е единствен начин за поддршка во ситуација на пад на меѓународните синџири за испорака.

Во интервју за Шпигел, тој нагласи дека не очекува голема национализација, но и дека „нема да се дозволи банкрот на економски стабилни компании“.

Внимателно ќе ги анализираме последиците од неможност за плаќање обврски и ќе преземеме се што е неопходно, вели тој.



Германски медиуми најавуваат дека меѓу варијантите се одлагање на даночни обврски и финансиска помош.

Претходна статија

В ПОНЕДЕЛНИК СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ ЗА СОСТОЈБАТА СО КОРОНАВИРУСОТ

Следна статија

РЕГИОНАЛНИ ПОЛИТИКИ ЗА ХЕНДИКЕП

Најново од Вести