ДЕЈАН ДОКИЌ СО ДЕТАЛИ ЗА ЗАРАЗЕНИТЕ ДОКТОРКИ ОД ПУЛМОЛОГИЈА

//

Три докторки од Универзитетската клиника за пулмологија се позитивни на коронавирус. Две од нив досега немаат симптоми, додека едната има гастроинтестинални симптоми. Со трите новопотврдени досега седум здравствени работници од Клиниката се позитивни на коронавирусот, потврди за МИА директорот на таа јавна здравствена установа, Дејан Докиќ.

Докиќ посочи дека докторките од 30 март се во домашна изолација и вчера им било направено тестирање кое покажало дека се позитивни.

„На 21 април (вторник) ќе им биде направено уште едно тестирање. Првозаразената наша вработена е медицинска сестра од Куманово, која со вирусот се заразила во местото каде живее. Најверојатно дека докторките и другите медицински лица меѓусебно се инфицирале, можеби додека јаделе заедно во кујната“, рече д-р Докиќ.





Претходна статија

НЕ Е ЗАРАЗЕН САМО ДИМИТРИЕВСКИ, ДУРИ 10 ЧЛЕНОВИ НА КУМАНОВСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19

Следна статија

ВО СЛЕДНИТЕ 24 ИЛИ 48 ЧАСА ЌЕ СЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ И ВО КУМАНОВО ЌЕ БИДЕ ВОВЕДЕНА КРИЗНА СОСТОЈБА КАКО ВО ДЕБАР

Најново од Вести