ИТАЛИЈАНСКИ И ШПАНСКИ ДОКТОРИ ОТКРИЈА НОВ СИМПТОМ НА КОРОНАВИРУСОТ
Осипот на нозете може да биде еден од симптомите на инфекција со коронавирус. Овој заклучок го донеле италијански и шпански лекари, пишува РИА Новости. Еден од пет Италијанци хоспитализирани со „Ковид-19“ имале проблеми со кожата, а тие најчесто се јавувале кај децата и адолесцентите.
Шпанското здружение за педијатри забележа дека осипот на коронавирус е сличен на сипаници. Како по правило, црвенилото се појавува на прстите на нозете и по извесно време заздравува без да остава никакви белези по телото.
