ВО СЛЕДНИТЕ 24 ИЛИ 48 ЧАСА ЌЕ СЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ И ВО КУМАНОВО ЌЕ БИДЕ ВОВЕДЕНА КРИЗНА СОСТОЈБА КАКО ВО ДЕБАР

//

Имаме позитивни исходи во Дебар и Центар Жупа и треба да се размисли во следните 24 или 48 часа дали и во Куманово ќе биде прогласена кризна состојба како во Дебар и Центар Жупа, изјави претседателот Стево Пендаровски на денешната прес-конференција.

„За Куманово ќе треба посебен фокус и внимание и можеби многу брзо во Куманово ќе треба да се воведе состојба како и во Дебар. Се работи за општина со над 100.000 жители, а негативни трендови има и во Прилеп. Ситуацијата во Куманово е лошо и таму една од најголемите тешкотии е што имаме голем број заболените здравствени работници. Ќе мора многу брзо во следните 24 или 48 часа да се размисли дали и во Куманово треба да биде воведена кризна состојба како во Дебар и Центар Жупа”, изјави Пендаровски.





Претходна статија

ДЕЈАН ДОКИЌ СО ДЕТАЛИ ЗА ЗАРАЗЕНИТЕ ДОКТОРКИ ОД ПУЛМОЛОГИЈА

Следна статија

(ВИДЕО) БАТЕ БОЈКО ПЕЕ „ХАБИБИ, СПИШ ЛИ ДОБРЕ“

Најново од Вести