ОХРИЃАНИ ПРАШУВААТ: КОГА ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН ГРАДСКИОТ ПАЗАР

Охриѓани прашуваат кога ќе биде отворен градскиот пазар во Охрид, којшто се гради веќе 2 и пол години, а тоа најмногу ги погодува преку слабиот промет продавачите на тезгите. Истиот е заграден и луѓето нема од каде да поминуваат. Според локалните жители, заради правни спорови, поврзани со објектот, основните жртви во случајот се граѓаните.