|

СДСМ: Мицкоски е анти-ЕУ, а ДПМНЕ е антизападна партија

„Факт е дека Христијан Мицкоски е анти-ЕУ политичар, а ДПМНЕ е антизападна партија. Мицкоски и ДПМНЕ без аргументи, го блокираат продолжувањето на европскиот пат на државата и членството во ЕУ“, соопшти СДСМ.

„ДПМНЕ не поддржа ниту една одлука за евроинтеграциите и правеше се за ја загрози европската иднина.

Мицкоски организираше насилни протести против европскиот предлог, ширеше хистерија за наводна бугаризација и асимилација.

Од ДПМНЕ ширеа лаги дека македонскиот јазик ќе биде бугарски дијалект, а не гласаа за ратификација на договорот ФРОНТЕКС, како прв договор потпишан на македонски јазик.

Мицкоски и ДПМНЕ не го поддржаа ниту Преспанскиот Договор, ниту членството во НАТО. Мицкоски е единствениот политичар кој не аплаудираше на ратификацијата на членството во НАТО.

Цели 11 години ДПМНЕ ја држеше земјата во изолација, надвор од ЕУ и НАТО, а денеска е главен кочничар на европската интеграција“, се додава во соопштението на СДСМ.



Слични Објави