ТРЕНДАФИЛОВ: НЕ МОЖЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ РЕФОРМИ ОД СЕГАШНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ГАРНИТУРИ
Претседавачот со Националниот комитет на ГДУ Ѓорѓи Трендафилов во емисијата „168 анализи и коментари“ на штипската ТВ Стар, изјави дека со овие гарнитури мислејќи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не можеме да очекуваме реформа.
Според него актуелната поставеност на политичкиот систем, без контрола на граѓаните и на институциите кои не се независни и се подложни на влијанија, не носи до тоа, било кој европски лидер да ни каже дека Македонија не беше наградена заради внатрешните проблеми.
Промената на името не е доволен услов, додава во своето излагање Трендафилов.

