ТЕПАНОТО ДЕТЕ ВО ВИДЕОТО ШТО КРУЖЕШЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ОДЗЕМЕНО ОД РОДИТЕЛИТЕ

//

Институциите реагираа по вчерашната објавена снимка на која маж тепа дете.

Во врска со случајот со видеото што се ширеше на социјалните мрежи ве информираме дека Центарот за социјални работи во Свети Николе веднаш постапи по случајот. Врз основа на сознанија за груба злоупотреба и занемарување на децата од страна на родителите, а во најдобар интерес на децата, Центарот за социјални работи Свети Николе донесе решение со кое привремено им ги одзеде двете деца на семејството – потврдија од Минитерството за труд и социјална политика, објавува Досие.мк

Сведоштвата на социјалните мрежи се стравични и одат дотаму дека сопружниците ги искористуваат децата за пари па дури и барале донации за да им купат пелени. Кога некој немало да им угоди настанувала кавга и навреди. Некои од големите хуманитарни здруженија се огласија дека ова семејство навистина има проблем оти и нивна помош злоупотребиле, пишува Досие.мк



На видеото мажот кој го тепа детето не е татко, туку очув. Со жената која седи до него и не реагира имаат уште едно дете. Таа има и претходен маж со кој неофицијално има уште едно дете.

Сега за децата ќе се грижи старател и тие ќе бидат соодветно згрижени. На несовесните родители ќе им се одземе родителското право , а а очувот има предлог за изрекување приверемени мерки за заштита од семејно насилство.



Претходна статија

ТРЕНДАФИЛОВ: НЕ МОЖЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ РЕФОРМИ ОД СЕГАШНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ГАРНИТУРИ

Следна статија

СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ОБВИНЕТ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да