| |

Вториот борбен авион-ловец F-16 пристигнува денеска во Бугарија

Вториот бугарски борбен авион-ловец F-16 Блок 70 денеска ќе пристигне во воздухопловната база „Граф Игнатиево“ во Пловдив, јави БТВ, пренесува БГНЕС.Авионoт веќе полетал од базата на Кралските воздухопловни сили во „Милднхол“. Машината полетала од САД, каде што е произведена од компанијата „Локхид Мартин“, уште на крајот од април. Не е јасно зошто нејзиното пристигнување во Бугарија се одложи.

Првиот од нарачаните авиони-ловци F-16 Блок 70 беше официјално ставен во употреба на церемонија во воздухопловната база во селото Граф Игнатиево на 13 април оваа година. Во 2019 година Бугарија потпиша договор вреден 1,2 милијарди долари за набавка на осум ловци F-16. Во 2021 година беа нарачани уште осум, кои Бугарија треба да ги добие до 2027 година.



Слични Објави