| |

Георгиев: Бугарија ќе инсистира на правична отштета за роднините на Марин Маринов

„Бугарија ќе инсистира на правична оштета за семејството на починатиот бугарски државјанин Марин Маринов во Појасот Газа“. Ова го изјави министерот за надворешни работи Георги Георгиев во соопштение поврзано со официјалните информации од израелска страна, објавени денеска, дека експлозијата во град Деир ал-Балах во Појасот Газа, при која загина капетанот Маринов, била предизвикана од истрел испукан од израелски тенк.

„Би сакал уште еднаш да го изразам своето најдлабоко сочувство и приврзаност кон болката на семејството поради тешката загуба“, додаде Георгиев. Тој исто така објави дека бугарската страна добила официјално извинување од Израел во врска со смртта на бугарскиот државјанин.

Бугарскиот министер за надворешни работи категорично повика такви трагедии да не се повторуваат и истакна дека заштитата на хуманитарните работници е од најголема важност, а меѓународната заедница мора да ја гарантира нивната безбедност и слободата да ги извршуваат своите должности, во согласност со меѓународното право.

„Инсистираме на обновување на почитувањето на примирјето и прекинувањето на огнот во Газа, за да се спречат дополнителни цивилни жртви и итно враќање на заложниците“, нагласи уште министерот во својата изјава.



Слични Објави