Со свечено собрание-концерт во Варна ќе биде одбележана 147-та годишнина од основањето на бугарските Военоморски сили
Со свечено собрание-концерт на 8 август во Варна ќе биде одбележана 147-годишнината од основањето на Военоморските сили на Бугарија, соопшти Министерството за одбрана, пренесува БТА.
Свеченоста ќе почне во 18:00 часот во Фестивалскиот и конгресен центар во Варна. На припадниците на морнарицата ќе им се обратат заменик-министерката за одбрана на Бугарија Катерина Граматикова-Иванова и началникот на одбраната, адмирал Емил Ефтимов.
За време на церемонијата, Граматикова-Иванова и Ефтимов ќе им врачат награди на воени и цивилни службеници на Военоморските сили кои се истакнале во текот на изминатата година.
Одбележувањето ќе и на 9 август (недела), со свечена церемонија на која 35 питомци од Високото военоморско училиште „Н. Ј. Вапцаров“, од класата „Априлски – 2026“, ќе го добијат својот прв офицерски чин.
На церемонијата во Варна ќе присуствува и претседателката на Бугарија и врховен командант на вооружените сили Илијана Јотова, соопшти прес-службата на шефот на државата.
Во 9:00 часот Јотова ќе биде пречекана со почесна гарда на Морската станица во Варна. Таа ќе му ги врачи еполетите и дипломата на најдобриот питомец од 140. класа на Високото военоморско училиште – „Априлски“.

