Бугарија заинтересирана за над 100 грчки системи „Кентаврос“ за борба против дронови
Бугарија изразила интерес за набавка на повеќе од 100 грчки системи за противдронска заштита „Кентаврос“ во различни конфигурации преку европскиот регламент SAFE, објави грчкиот весник „Катимерини“, пренесува БГНЕС.
Системот „Кентаврос“, развиен од Грчката аерокосмичка индустрија (HAI), првично бил наменет за копнена употреба, а подоцна е адаптиран и за поморска примена. Во моментов е инсталиран на две од четирите грчки фрегати од класата MEKO, а се планира негово поставување и на четири фрегати од класата FDI.
HAI развива и унапредена верзија со активен радар со дострел до 40 километри и можност за кинетичко „тврдо“ дејствување како последна линија на одбрана доколку електронското заглушување не биде доволно ефикасно.

