ПЕТАР КОЛЕВ: МАКЕДОНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ДОКАЖАА ДЕКА СЕ ГАРАНЦИЈА ЗА РЕГИОНАЛНИОТ И МЕЃУНАРОДНИОТ МИР И СТАБИЛНОСТ
„По повод 18-ти Август, Денот на Армијата на Македонија, дозволете ми од мое име и од името на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, да упатам честитки до сите припадници на нашите вооружени сили и до граѓаните на Македонија.
Сонот за создавање на македонска држава, со сите нејзини атрибути, денеска е реалност. Сопствена армија, како неразделен дел од државноста, за која Македонците мечтаат, која ќе биде гарант на суверенитетот, територијалната целост но и гордост за сите граѓани на нашата земја, денеска е факт.
Армијатата ја чува нашата безбедност и безбедноста на нашите најблиски. Со својот професионализам и постигнатите резултати во мировните мисии, припадниците на нашата Армија, покажаа дека поседуваат голема способност и можат да учествуваат во процесот за гаранција на регионалниот и меѓународниот мир и стабилност. Им посакувам на нашите воени лица да продолжат да докажуваат дека нивниот врвен професионализам прекрасно ќе се вклопи со стандардите наложени од нашите сојузници во НАТО.
Им посакувам здравје, сила, храброст и истрајност во борбата за зачувувањето на територијалниот интегритет и меѓународниот авторитет на Македонија“, напиша претседателот на ГДУ, Петар Колев.