ВМРО ВО БУГАРИЈА БАРА ХЕМИСКА КАСТРАЦИЈА ЗА ПЕДОФИЛИ И СИЛУВАЧИ
Бугарската партија ВМРО бара воведување на хемиска кастрација за педофили и силувачи и укинување на скратената судска постапка, во случаите кога се работи за убиство, бидејќи по скратената постапка се намалува и казната затвор за осуденото лице.
Од партијата на Каракачанов се децидни дека ќе предложат промени и за неизбежната самоодбрана, која треба да биде проширена и внесена во казнениот законик.
Според ВМРО треба да се регулира и правото на органите на МВР, во случаите на употреба на сила и огнено оружие, така што полицајците да имаат поголема заштита од државата и од граѓаните за време на исполнувањето на нивната службена должност.