| |

Османи со честитка до својот бугарски колега Николај Милков: Продолжува соработката меѓу РС Македонија и Бугарија

Шефот на дипломатијата на РС Македонија Бујар Османи во телефонски разговор со новиот министер за надворешни работи на Република Бугарија, Николај Милков му ја честитал новата функција.

Османи изразил подготвеност за континуитет на соработката меѓу РС Македонија и Бугарија.

Двајцата министри се согласиле дека почетокот на преговорите со Европската унија на РС Македонија и европската перспектива за земјава, претставуваат взаемен интерес не само за двете земји, туку и за целиот регион, и за самата Унија.



Слични Објави