| |

КЦ „Иван Михајлов“ од Битола со две прашања до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Преку социјалната мрежа Facebook од КЦ „Иван Михајлов“-Битола соопштија дека согласно Член 4 и Член 12 од Законот за слободен пристап на информација, побарале одговор од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на следните две прашања:

  1. Колку увиди на лице место имате извршено во здруженија и културни центри на етнички национални заедници ро Република Северна Македонија во последните три години?
  2. Какви одлуки имате донесено во врска со направените увиди на лице место?

Во барањето испратено до Комисијата од КЦ „Иван Михајлов“-Битола бараат писмен одговор на прашањата и се заблагодаруваат на соработката со истата.

Слични Објави