ТОДОРОВ: ФАКТ Е ДЕКА ЗА ВРЕМЕ НА КОМУНИЗМОТ УЧЕВМЕ ДА ЈА МРАЗИМЕ БУГАРИЈА
„Факт е и дека за време на комунизмот учевме да ја мразиме Бугарија. Дека тие се фашисти и окупатори. И Германците и Италијанците биле фашисти и окупатори, ама нив не учевме да ги мразиме. Во Кавадарци се’ уште е свеж споменот за 12-те ваташки другари кои биле убиени од бугарскиот фашистички окупатор и поради тоа, во некои кругови, се’ уште е жива омразата кон Бугарите. Фактот што човекот што наредил да се стрелаат е од Крива Паланка, никој не го ни споменува. Истовремено, никој во Кавадарци не ги мрази Србите заради над илјада (1.000) брутално убиени и/или мачени Македонци и/или силувани Македонки за време на Тиквешкото востание. И знаете што, добро е што не ги мразиме. Јас не мислам дека треба да ги мразиме Србите заради тоа што се случило во 1913 година, исто како што не треба да ги мразиме ниту Бугарите за тоа што се случило во 1943 година. Ако сме им простиле на Србите, треба да им простиме и на Бугарите. Не да заборавиме, туку да простиме. Ниту сите Срби биле лоши, ниту сите Бугари биле фашисти“, стои во најновата колумна на поранешниот министер во владата на Никола Груевски и поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров. Целата колумна на Тодоров прочитајте ја овде.

