|

Ивановска влезе во трката за градоначалник на Општина Центар

Поранешната претседателка на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, официјално ја најави својата кандидатура за градоначалничка на Општина Центар како претставник на граѓанската политичка платформа Независни заедно.

Ивановска истакна дека нејзината кампања ќе биде насочена кон решенија, а не кон лични напади. Таа посочи дека проблемите со кои се соочува Општина Центар се исти како оние што ги чувствуваат граѓаните, и дека „правдата, интегритетот и одговорноста“ ќе бидат водечки принципи при креирањето на политиките.

„Мојата визија е Општина Центар да биде на граѓаните, а не на профитот. Досегашната состојба е резултат на многу корумпирани и лукративни политики кои го занемарија интересот на граѓаните. Мене не ме водат апетити за профит, јас ги вложувам моите интегритет и капацитет за да понудам решенија кои можат да бидат добри за живеење и да го вратат достоинствениот живот. Не барам моќ и функција, туку сакам моќта да им ја вратам на граѓаните“, рече Ивановска.

Платформата Независни заедно ги обединува граѓанските иницијативи Шанса за Центар, Зелените за Гази Баба и Групација 398, а во моментов е во процес на собирање потписи за формирање политичка партија.

Слични Објави