Даме Груев во спомените на еден стар курир на Организацијата
Припадникот на ВМРО и бугарски новинар Страхил Топуков пренесува едно сеќавање за Даме Груев од Заре Велков Стојков од с. Којново, Кратовско – револуционер на ВМОРО, кој 40 години бил курир на организацијата.
“До Илинденското востание, 1903 г., базата и тежиштето на ВМОРО била западна Македонија, или поточно кажано, Битолскиот револуционерен округ. Таму била речиси постојано и врховната управа на македонското ослободително дело. Даме Груев, првиот човек на моќната ВМОРО и организатор на страшната револуционерна мрежа, распространета по широката бугарска земја од Костур до Странџа Планина и од Солун до китната Осогово, до востанието наоѓа за најсигурно свое засолниште своето родно село Смилено и балканите околу него.
А за база на својата дејност по Илинденското востание, Даме го избира Скопскиот револуционерен округ и пред сè тврдината на ВМРО, Кратовско — вратата меѓу слободни и поробени Бугари. Меѓу многубројните проверени и здрави револуционерни дејци во Кратовско, Даме наоѓа неколку многу ценети соработници меѓу селаните од планинските села, сместени сред шумовитите разгранувања на легендарната Осогово планина. Еден од тие здрави, јуначни, скромни и до смрт верни на народното дело организациски луѓе е Заре Велков Стојков, од с. Којново, Кратовско. Тој е познат под името дедо Зао. Цели 40 години дедо Зао непрекинато бил курир на организацијата. Сега е околу 70-годишен старец, но сè уште бодар и со цврста вера дека делото, за кое жртвувал сè, делото, на кое служел со голема и несебична љубов, ќе ја постигне својата голема цел — ослободувањето на Татковината…”
Извор: Библиотека Струмски

