На ртот Калиакра во Бугарија се откриени три златни монети од времето на императорите Јустинијан I и Анастасиј I
На ртот Калиакра во Бугариja се откриени три златни монети – солиди од времето на императорите Јустинијан I и Анастасиј I, датирани од V–VI век, јавува БНР. Монетите се пронајдени во „Квартот на богатите“ и претставуваат дел од колективно богатство, кое сведочи за присуството на аристократија во регионот.
Ископувањата, кои започнаа на 5 август, ги води доц. д-р Бони Петрунoва, со учество на археолози, работници од општината, ученици од Националната гимназија за антички јазици и култури и бројни доброволци. Оваа сезона истражувањата се насочени кон некрополата спроти „Квартот на богатите“, со цел да се лоцира петтата црква која му служела на гробиштето.
