Просечната плата во Бугарија достигна 855 евра, во Софија се земаат најголеми плати, а во најслабо развиениот дел на земјата просекот изнесува малку над 500 евра

//

Просечната плата во Бугарија изнесува 855 евра, ова денеска го соопшти бугарскиот Национален статистички институт.
Најголемо покачување на платите е регистрирано во сферата на образованието, селското, шумското и рибното стопанство и тешката индустрија.

Највисоки се платите во креирањето и ширењето на информација и творечки продукти, финансиските и осигурителните активности и тешката индустрија.
Најниски се во угостителството и другите услужни дејности.



За Софија, според податоците на бугарската статистика, просечната плата изнесува речиси 1200 евра, додека во еден од најслабо економски развиени делови на Бугарија северозападниот дел просечната плата изнесува малку над 500 евра.

Претходна статија

Османи со честитка до својот бугарски колега Николај Милков: Продолжува соработката меѓу РС Македонија и Бугарија

Следна статија

Во Центар Жупа за гласање доставени 29 барања од болни и изнемоштени лица

Најново од Вести