РАМА ГО ПРЕЧЕКА ГРУБИ СО ТРАНСПАРЕНТ ЗА ПОПИСОТ

/

„Задоволство е што денес во Тирана остварив средба со албанскиот премиер Еди Рама.

Господинот Рама ме пречека со интересна порака, тој имаше напишано на еден бел лист: htpps: //census.stat.gov.mk

Почестен за овој братски прием од страна на г. Еди Рама со кого разговаравме за билатералните односи меѓу Македонија и Албанија, но и за спорот што во последните месеци е реактуализиран меѓу РМ и Бугарија, но без да заборавиме да поразговараме и на темата за интеграција на нашите земји во Европската Унија.

Разменивме мислења и за Коридорот 8, проект за кој г. Рама рече дека во Албанија тоа е владин приоритет бидејќи е во интерес на земјата, но и на целиот регион. Во оваа прилика го информирав албанскиот премиер дека и во Македонија се работи на што поскоро завршување на изградбата на овој коридор.



Со г. Рама разговаравме и за важноста на процесот на регистрација на ДИАСПОРАТА каде што во оваа прилика г. Рама апелираше до дијаспората на РМ да одговори што е можно повеќе на процесот на регистрација, бидејќи со оваа акција тие исполнуваат морална и национална обврска“, напиша Груби на Фејсбук.

Претходна статија

МАЈКА ПРИЈАВИЛА СИН ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Следна статија

МЕРКЕЛ ЈА ПОДДРЖА ЗАКАНАТА ЕУ ДА ГО БЛОКИРА ИЗВОЗОТ НА ВАКЦИНИ НА АСТРА ЗЕНЕКА ОД УНИЈАТА

Најново од Вести

Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој

Голем број инфраструктурни проекти се изведуваат со засилено темпо и да ги испочитуваат роковите за исполнување