| |

ПРОФ. ТОПАЛОВ: ПОЛИТИКАТА НА БУГАРИЈА КОН МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА СЕ СМЕНИ И ПО ИЗБОРИТЕ КАЈ НАС

„Во РС Македонија се развива една невистина, дека тоа што го прави Бугарија во моментот е предизборна кампања, а по изборите Бугарија ќе го смени својот однос кон Македонија. Тоа е поредната заблуда која се лансира. Јас не верувам дека после изборите, која и партија да дојде на власт, ќе си дозволи да ја промени политиката на нашата држава. Но гледаме дека во РС Македонија се обидуваат на делови да ја лажат нивната јавност дека Бугарите сега одложуваат бидејќи ќе имаат избори. Тие треба да знаат дека политиката на нашата држава нема да се промени без разлика кој ќе дојде на власт“, изјави проф. Кирил Топалов, член на бугарскиот дел од мешовитата македонско-бугарска комисија, во утринската програма на Бугарската национална телевизија.



Слични Објави