(ВИДЕО) ПЕРЕВ: ЖИВЕЕМЕ ВО ИНФОРМАТИВЕН МРАК, МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ТРОЈАНСКИОТ КОЊ НА КОМИНТЕРНОТ ВО ЕВРОПА
“Во Македонија живееме во тотален информативен мрак. Никој не знае ништо за тоа што се случува. Не ги гледаме бугарските телевизии. Нема такви, бидејќи никој не сака да го слушне бугарскиот став за обичниот граѓанин. Ние сме информирани од бугарските портали Фактор.бг, БГНЕС итн. Од таму можеме да ја бараме позицијата на Бугарија. Нашите односи со Бугарите отсекогаш биле добри, освен на ниво на историчари. Многу ми е смешно е кога некој ќе рече: “ќе ги расипеме нашите односи со Бугарите”. Добри односи на државно ниво никогаш немало. Речиси секој празник се користи за да се направи хајка против Бугарија. Тоа го правеа Лазо Колишевски, Крсте Црвенковски, Киро Григоров, Бранко Црвенковски. Исклучок е само Љубчо Георгиевски “, изјави Владимир Перев во утринската програма на Бугарската национална телевизија.
„Спорот меѓу двете земји е политички. Македонија не сака да оди подалеку од концептот на Коминтерн, според кој е формирана како нација и држава. Оваа Македонија ќе биде тројански коњ на коминтернот во Европа. Повторно ќе сака да каже дека е најстарата нација. “Бугарските политичари и историчари за првпат седнаа и сфатија дека заканата не кон Македонија туку кон Бугарија. Ако падне концептот дека Гоце Делчев е Бугарин, Преродбата ќе се пресели на македонска страна и Бугарите нема да имаат што да бранат”, вели Перев.