СДСМ: Арсовска со нејзините скандалозни одлуки нанесува штета на скопјани и Скопје

/

Градоначалничката Арсовска со нејзините скандалозни одлуки нанесува штета на скопјани и Скопје, велат од СДСМ.

Според нив, градоначалничката Данела Арсовска секојдневно ја докажува негрижата и неспособноста за потребите на граѓаните.

Прекинувањето на проектот за Бас рапид транзит, за кој беа обезбедени средства преку заем од Европската банка за обнова и развој е нејзината прва штетна одлука, подвлекуваат од СДСМ.

„Токму на предлог на Арсовска управните и надзорните одори на јавни претпријатија и установи во Град Скопје се пополнија со кадри од ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Годинава Арсовска ќе потроши 670.000 евра за вдомување на 109 кадри на ВМРО-ДПМНЕ во градската администрација. По само 10 дена Данела Арсовска смени двајца директори на ЈП Градски паркинг и постави бивш разузнавач кој не исполнува ниеден критериим за функцијата што му е доверена. Арсовска не сака финансиски да го помогне субвенционирањето на парното греење и во криза ги игнорира проблемите на граѓаните на Скопје“, нагласуваат од партијата на власт.



„Наместо бесплатен јавен превоз ЈСП воведе билет од 120 денари, а потоа бара пари од Владата за покривање на трошоците за гориво. Освен тоа, Арсовска две недели не одговара кој и со чии пари ја организирал и финансирал новогодишната прослава на градскиот плоштад. Наместо проекти, работа, решавање на проблеми, единственото нешто што го прави Арсовска е прекинување проекти, партизација на Градот и оправдувања за нејзината неспособност“, стои во писмената реакција.

Претходна статија

Петков: Никогаш не сум одредувал точен рок за една или друга одлука во однос на РС Македонија

Следна статија

СДСМ: Програмата и составот на новата Влада пред пратениците, во фокусот се енергетската криза и животниот стандард

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да