Зоран Попов заминува за Вашингтон, а Агнеза Руси оди во Софија

//

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Зоран Попов, го помина филтерот на Собранието. Тој пред членовите на Комисијата за надворешна политика, на затворена седница ги презентираше своите тези за дипломатската мисија во САД.

Пополнувањето на амбасадорското место во САД следи по повеќе од четири години од заминувањето на претходниот амбасадор Васко Наумовски. Помеѓу новите амбасадори, кои пред Комисијата треба да ги претстават своите тези се и новите амбасадори во Канада – Агрон Буџаку, во Кралството Норвешка, Дритон Куќи, во Словачка – Евгенија Илиева и во Кралството Белгија, Методија Белевски.

МНР информира дека за уште тројца амбасадори се добиени агремани и во тек се нивните подготовки за преземање на должноста и барањето до Собрание за закажување на седница на Комисијата за надворешни работа. Тоа се Виктор Димовски, кој ќе биде амбасадор во Франција, Агнеза Руси во Бугарија и Јован Манасијевски во Турција.

Извор: Zoom. mk





Претходна статија

РС Македонија отвора два почесни конзулати во Хрватска и во Турција

Следна статија

Северна Македонија, Албанија и Србија се договорија за извозот на пченица

Најново од Вести